речник контакт

Агатангел: Чудото во Скопје е повик за покајание

Чистењето на фреските во црквата Св. Димитрија е чудо со кое Господ сака да ги упати грешните, опозицијата на покајание.Ние како народ и држава треба да дадеме поддршка на тие што не водат

Петар Печков

За Владиката Агантагел Митрополит на Повардарската Епархија чистењето на фреските во црквата Св. Димитрија  е чудо со кое Господ сака да ги упати грешните на покајание. Тоа  било повик до тие што ги стопирале проектите на Владата  да отидат на покајание оти згрешиле, но и повик за сплотување и единство. За него  и во Стариот и во Новиот завет имало чуда, а еве сега  тоа се случува и во 21-от век.

Ова јас го толкувам како повик до Македонскиот народ на покајание. Бог не повикува да се покаеме во Страсната седмица. Ние во последните години го распнувавме Христос. Прво со одрекување на Веронауката од училиштата, со што ги осакативме нашите деца, потоа со организирањето на плоштадот на младите архитекти за изградба на нова црква во центарот на Скопје, изградбата на црквата на Калето. Со ред  други  политички организирања на опозицијата, вклучувајќи ги случајот со архитектите,  Жерновски ја даде  веронауката на суд и сега Бог сакајќи да се спасиме како Македонски  и библиски народ не повикува да се покаеме. 

МПЦ апелираше да нема абортуси но Најчевска и многу други станаа и плукаа против црквата. Колку пати  поглаварот г.г. Стефан беше нападнат за случајот на Хотелот Изгрев  со информации добиени од подземни служби.  Еве денес Борјан Јовановски кој ги брани хомосексуалците и се што е нечисто, вели  за случајот во црквата Св. Димитрија дека тоа паѓа малтерот од ѕидот. Ние како народ и држава треба да дадеме поддршка на тие што не водат, оти тие ни мислат добро, што деноноќно работат и се трудат да не извадат на правиот пат. Бог ни го покажува вистинскиот пат, повикува на сплотеност на разум на едномислие, да си ја сакаме и почитуваме црквата- вели Владиката Агатангел.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »